Борел и шефот на украинската дипломатија разговарале за можната „инвазија” на Русија врз Украина

Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/FREDERICK FLORIN / POOL

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба разговарале за можна „инвазија” на Русија во таа земја, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Се наведува дека распоредувњето на руската армија создало нови закани и страв од инвазија, а шефот на дипломатијата на ЕУ „ја потврдил силната и континуирана поддршка на Европската унија за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина”. Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел и украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба се согласија за клучниот принцип: одлуките за безбедноста на Украина може да се носат само со Украина, а со ЕУ за европската безбедност.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот