Борел ги повика членките на ЕУ на поголемо единство

Фото: EPA-EFE/DAI KUROKAWA

Шефот на дипломатијата на Европската Унија Жозеп Борел ги повика земјите-членки на ЕУ да го зајакнат меѓусебното единство и да развиваат партнерства.

Борел, доаѓајќи на состанокот на Советот на министерот за надворешни работи, прва средба на Советот на ЕУ со кое претседава, изјави дека тој напишал писмо наместо да дава долги говори до шефовите на дипломати и министри за одбрана на земјите членки на ЕУ.

„Ги објаснив главните цели и методологија на работа за подобрување на единството и развој на партнерства, затоа што ние самите не можеме да решиме многу од проблемите, од климатските промени до миграцијата”, вели Борел.

Тој ја презеде функцијата шеф на дишчпматијата на ЕУ на 1 декември, кога го презеде претседавањето со Советот на ЕУ од Федерика Могерини.

На нивната прва средба со која претседава Борел, министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за ситуацијата во Либија и Боливија, нуклеарниот договор со Иран, односите ЕУ-Африка и човековите права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот