Борел ги осуди „слепите напади“ на Хамас: Израел мора пропорционално да одговори на насилството

 Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, попладнево се огласи повторно околу ескалацијата на насилството во Израел и окупираните палестински територии и побара справување со коренот на спорот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од кабинетот на шефот на дипломатијата на ЕУ порачаа дека Европската Унија е „интензивно ангажирана” во дипломатски напори за да стави крај на насилството помеѓу Израелците и Палестинците, посебно во Газа и побара заштита на цивилното население.

-Во сите негови контакти, високиот претставник ги осуди слепите напади на Хамас и на другите групи против цивилни мети во Израел. Тој исто така нагласи дека иако Израел има право да се брани од вакви напади, мора тоа да го стори на пропорционален начин и да избегне цивилни штети, соопштија од кабинетот на Борел.

ВИДЕО l Израел во Газа уништи зграда во која се канцелариите на „Ал-Џезира“, „Асошиејтед Прес“ и „Франс Прес“

Европскиот шеф на дипломатијата е во постојан контакт со лидерите на двете страни за да обезбеди спречување на натамошни невини цивилни жртви и прелевање на конфликтот, и побара да се почитува меѓународното хуманитарно право и пристап до најранливите групи во Газа.

-Приоритетот и пораката на ЕУ е јасна: насилството мора да сопре веднаш. Треба итно справување со коренот на конфликтот и изнаоѓање на политичко решение што ќе овозможи враќање кон значајни преговори за решение со две држави врз основа на меѓународно договорените параметри. И Израелците и Палестинците имаат право да живеат безбедно, слободно и демократски. Овие постојани никлуци на насилството мора да престанат, порача Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот