Борел: ЕУ треба да покаже солидарност со Италија, каде пристигнуваат голем број мигранти

Жосеп Борел / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел денеска изјави дека Европската унија мора да покаже солидарност со Италија додека таа земја се бори со зголемениот број мигранти и бегалци кои пристигнуваат на нејзиниот јужен брег.

„Мораме да ја покажеме сета наша солидарност со Италија во овој тежок момент. Европската унија ќе стои покрај Италија“, изјави Борел во интервју за „Франс 24“ и Радио Франс Интернационал, пренесуваат италијанските медиуми.

Тој изјави дека е потребна гранична политика која ги надминува безбедносните мерки и подразбира и договори со транзитните и земјите на потекло.

„Потребни ни се договори кои ќе ни овозможат да ги прифатиме мигрантите што ни се потребни, но и со кои ќе биде овозможена депортација на илегалните мигранти кои залудно ги ризикуваат своите животи“, рече Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот