Борел: ЕУ не го признава Лукашенко за легитимен претседател

Фото: EPA-EFE/Sean Gallup / POOL

Шефот на дипломатијата на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел оцени дека ситуацијата во Белорусија продолжува да се влошува поради репресијата на власта врз мирните демонстранти.

– Народот на Белорусија има право на слободен избор на својот претседател, без прогонства или репресии, рече Борел.

Пред состанокот на Советот на ЕУ во Брисел, тој најави дека шефовите на дипломатиите ќе разгледаат како да го поддржат народот во Белорусија и како да ги продолжат односите со белоруските власти, имајќи предвид дека ЕУ не го прифаќа Лукашенко за легитимен претседател.

– Ќе поддржиме инклузивен национален дијалог и право на народот во Белорусија на слободни и фер избори, рече Борел.

Тој додаде дека тоа не претставува мешање на ЕУ во внатрешните работи на Белорусија и нагласи дека демократијата и човековите права се основа на идентитетот на ЕУ. Пред состанокот во Брисел, министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа и со опозициската кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановскаја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот