Борел: ЕУ ќе воведе санкции против лицата одговорни за насилството во Белорусија

Фото: EPA-EFE/DAI KUROKAWA

Европската унија ја осудува ескалацијата на насилството во Белорусија и ќе воведе санкции против лицата кои се одговорни за изборните измами и насилството врз мирните демонстранти, изјави синоќа министерот за надворешни работи на ЕУ, Јозеп Борел.

Тој повтори дека ЕУ е решена да воведе санкции против одговорните за насилството, „задушување на мирните протести и фалсификување на изборните резултати”.

Тој додаде дека, доколку е потребно, ЕУ ќе преземе дополнителни ограничувачки мерки, пренесуваат британските медиуми, појаснувајќи дека Борел не прецизирал што тие можат да значат.

-ЕУ ја осудува ескалацијата на насилството во Белорусија и присилното протерување на членовите на опозицијата, што покажува на се поотвореното непочитување на владеењето на правото, рече Борел.

Четворица неименувани дипломати на ЕУ вчера изјавија дека ЕУ ќе го одложат воведувањето санкции кон Белорусија поради спорот меѓу Кипар и Турција околу енергетските ресурси во источниот Медитеранот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот