Борел: ЕУ е подготвена да го обнови партнерството со Бајден

Европската унија е подготвена да го обнови стратешкото партнерство со новиот американски претседател Џозеф Бајден со цел да постигне резултати во одржување на мирот и безбедноста од Западен Балкан до Источен Медитеран и Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

– Нема сомнение дека САД играат суштинска улога во зачувувањето на мирот и безбедноста, и на европските, и затоа мора да работиме заедно на многу места на нашиот континент, рече шефот на Европската служба за безбедност и меѓународни односи.

Борел рече дека ЕУ и САД, „како глобални партнери, мора да го продлабочат дијалогот и соработката во сите области, вклучително и заживување на нуклеарниот договор со Иран и во поширокото поле на контрола на неширењето на вооружувањето, а наскоро ќе почне и за сите прашања во односите со Кина”.

Тој истакна дека „силната и способна Европа не е ривал во трансатлантскиот сојуз, туку предуслов за тоа” и оти зајакнувањето на одбранбените способности на членките на ЕУ „го зајакнува тој сојуз и придонесува за поделба на трошоците од двете страни на Атлантикот”.

Борел рече дека „технологијата сега е дел од надворешната политика” и повика на развој на заедничка високотехнолошка програма ЕУ-САД, воспоставување јасни правила и одговорности за најголемите светски мрежни платформи, „фер оданочување” и спречување на „нарушувања на пазарот”.

Борел посочи дека Бајден, стапувајќи на должноста во Белата куќа, се фокусирал на „заздравување на поделената нација” и порача дека САД „ќе играат водечка улога во светот не со примерот на својата моќ, туку со силата на својот пример … дека сакаат да го поправат нашето сојузништво”.

Борел потсети дека трансатлантскиот сојуз ги обликуваше светските односи и поредокот повеќе од кое било друго тело.

Според него, ваквиот сојуз ЕУ-САД е „важен не само за безбедноста и благосостојбата на двете страни на Атлантикот, туку и за одржување на светскиот поредок заснован на демократија, владеење на правото и мултилатерализам”.

Тој рече дека „ЕУ и САД мора да влечат сè во иста насока при решавањето на растечкиот број конфликти и геополитички тензии, со цел да се воспостават заеднички норми за 21-от век и да се обликува и зајакне мултилатералниот поредок”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот