Борел: Ескалацијата во Идлиб мора итно да престане, бидејќи може да дојде до меѓународен судир

Жозеп Борел / Фото: Архива

Тензиите во сирискиот регион Идлиб може да ескалираат во голем меѓународен конфликт, изјави денеска Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, додавајќи дека Унијата ќе ги разгледа сите неопходни мерки за заштита на своите безбедносни интереси.

Според него, ескалацијата во Идлиб мора итно да престане, бидејќи постои ризик тој да стане голем отворен меѓународен воен конфликт. Исто така, предизвикува неподносливо хуманитарно страдање и ги става во опасност цивилите, напиша Борел на Твитер.

-ЕУ ги повикува сите страни на брза деескалација и жали за сите загубени животи. ЕУ ќе ги разгледа сите неопходни мерки за да ги заштити своите безбедносни интереси. Ние сме во контакт со сите релевантни актери- рече Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот