Борел: Договорот меѓу „Газпром” и Унгарија не го прекршува европското законодавство

Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/FREDERICK FLORIN / POOL

Договорот меѓу руската компанија „Газпром” и Унгарија за снабдување со гас преку цевки околу Украина, не го прекршува европското законодавство, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел за време на самитот Украина-ЕУ во Киев.

„Газпром” и унгарската „МВМ ЦЕЕнерџи” претходно потпишаа два долгорочни договора за снабдување со гас преку „Турски поток” преку Србија и Австрија, при што и двете рути ја заобиколуваат Украина. Киев изрази разочарување од одлуката на Будимпешта, бидејќи тоа им штети на билатералните украинско-унгарски односи и ја објави својата намера да се обрати до Европската комисија.

Борел истакна дека земјите-членки на ЕУ се слободни да склучуваат билатерални договори.

– Колку што знам, нема ништо незаконски во овој договор меѓу Унгарија и „Газпром”, ништо што би било спротивно на европското законодавствп, нагласи Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот