Борел до Курти: Нема алтернатива за дијалогот со Белград

Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, Борел предупредил дека статус кво ситуацијата е неодржлива.

Шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, го поздрави формирањето на новата влада на Косово под водство на Албин Курти и повика на што побрзо враќање на преговарачка маса со Србија.

-Новата влада ја чека многу работа во имплементирањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, како и европската реформска агенда, владеењето на правото и социо-економскиот развој. Регионалната соработка мора да се зајакне како и добрососедските односи. Во овој контекст со нетрпение очекуваме брзо рестартирање на дијалогот Белград – Приштина, олеснет од ЕУ, за да се постигне целисходна нормализација на односите, порача Борел по формирањето на новата косовска влада.

Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, Борел предупредил дека статус кво ситуацијата е неодржлива.

-Нема алтернатива за брзо рестартирање на преговорите за нормализација помеѓу Белград и Приштина, смета шефот на европската дипломатија кој минатата недела ги посети Косово и Србија во обид да изнајде компромис помеѓу двете страни.

Дијалогот помеѓу Белград и Приштина е замрзнат година и половина поради поскапувањето на царините врз увозот на српски и босански производи на Косово. Европската Унија бара од владата во Приштина да ги “обнови заложбите за регионалните иницијативи”.

-Предизвиците за Косово се големи, но голем е и потенцијалот на Косово. Подготвени сме да му помогнеме на Косово во европската реформска агенда и да продолжиме да ја закануваме нашата поддршка за владеење на правото за сите, подобрување на услугите на јавната администрација за населението кое тоа го заслужува и создавање работни места и раст, стои во соопштението на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот