Борел до Димитров: Бидете уверени во мојата посветеност на интегранција на Северна Македонија во ЕУ

Со нетрпение го очекувам усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција и бидете уверени во мојата лична посветеност на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, наведува високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел во писмо до вицепремиерот задолжен за европски интеграции Никола Димитров.

Честитајќи му на именувањето на новата должност, Борел во писмото му изразува искрена благодарност на Димитров за неговите „конзистентни напори и посветеност во приближувањето на Северна Македонија кон ЕУ”.

– Вашата улога во успешните преговори, потпишувањето и ратификувањето на Преспанскиот договор, кој служи како пример за помирување во цела Европа, ќе остане траен дел од вашето наследство како министер за надворешни работи, додава Борел.

Тој натаму во писмото истакнува дека со нетрпение очекува заедно со Димитров да работат на следните чекори на земјава на патот кон ЕУ, на спроведувањето на европската реформска агенда, како и на дополнително зајакнување на добрососедските односи.

– Западниот Балкан е дел од Европа и знам дека ја споделувате мојата решителност да ја видам Северна Македонија, како и регионот во целина, како напредува во остварувањето на европската перспектива, истакнува Борел на крајот во писмото до Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот