Борел даде дополнително време за спасување на иранскиот нуклеарен договор

Фото: EPA-EFE/DAI KUROKAWA

„Постои согласност дека е потребно дополнително време поради комплексноста на прашањето. Поради тоа е продолжена временската рамка”, се посочува во соопштението лиферувано од канцеларијата на Борел. Тој најави дека т.н. заедничка комисија за Договорот повторно ќе се сретне во февруари.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ја продолжи временската рамка за разговори за спасување на иранскиот нуклеарен договор, откако Франција, Германија и Велика Британија активираа механизам со кој се отвора патот за можни санкции како одговор на обидите на Техеран да се повлече од одделни делови на Договорот.

„Постои согласност дека е потребно дополнително време поради комплексноста на прашањето. Поради тоа е продолжена временската рамка”, се посочува во соопштението лиферувано од канцеларијата на Борел. Тој најави дека т.н. заедничка комисија за Договорот повторно ќе се сретне во февруари.

Велика Британија, Франција и Германија, државите што го потпишаа меѓународниот договор во 2015 година, заедно со САД, Русија и Кина, пред 10 дена преку писмо го известија Борел дека го активираат механиззмот за спорови, зголемувајќи го притисокот врз Техеран.

Тројцата лидери во изјавата посочија дека „немале друг избор” со оглед на иранските активности и дека регистрирале загриженост дека Иран не ги исполнува своите обврски”.

Трите сили укажаа дека го упатуваат предметот до Заедничката комисија во согласност со механизмот за решавање спорови, како што е регулирано со нуклеарниот договор.

Борел инсистираше на тоа дека овој потег не значи дека санкциите автоматски ќе бидат повторно вратени. Механизмот им овозможува на министрите за две недели да решат какви било проблеми, иако овој период може да се продолжи доколку сите страни се согласат. Доколку е потребно, Советодавниот одбор ќе има дополнителни 20 дена да донесе одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот