Борел апелира до Израел да не користи смртоносна сила, освен ако е неизбежно

Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/FREDERICK FLORIN / POOL

Шефот за европската дипломатија Жозеп Борел го повика Израел да не користи смртоносна сила, „освен во краен случај”, како одговор на палестинските напади вчера и денеска, во кои загинаа седум лица, а ранети се 12.

„Две лица се ранети од огнено оружје во нов напад денеска во источен Ерусалим“, соопшти утринава израелската полиција, опишувајќи го како „терористички напад”, извршен еден ден по смртоносниот напад на синагога во истиот град во кој загинаа седум, а беа ранети 10 лица.

До пукањето дојде помалку од 24 часа по нападот на синагогата на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

Нападите ги осудија сојузниците на Израел и некои арапски земји, а 42 лица беа приведени на сослушување во истрагата.

„Европската унија целосно ја разбира легитимната загриженост на Израел по прашањето на безбедноста, што дополнително се оправдува со последните терористички напади, но треба да се нагласи дека смртоносната сила не треба да се користи освен како последно средство, кога е неизбежно да се заштитат животи”, рече Борел откако денеска палестинско момче (13) рани татко и син во близина на важен археолошки локалитет за Евреите.

Борел вели дека Унијата е загрижена поради зголемената тензија во Израел и на палестинските територии и ги повикува двете страни да направат се што е можно за да се смири моменталната ситуација и да започнат координирани акции за да се спречат нови напади и насилство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот