Борците на Исламска држава кои се вратија во БиХ јавно повикувале на масовни убиства и тероризам (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/ RTRS vijesti

Осомничените терористи кои вчера беа депортирани во Босна и Херцеговина зад себе имаат серија на пропагандни снимки за Исламска држава, преку кои им се закануваат на христијаните и повикуваат на убиства, пренесува „Б92“.

Јасмин Кесеровиќ од Завидовиќи е познат од неколку пропагандни видео-снимки на Исламска држава, во кои повикуваше на убивање на христијани. Последниот таков видео-клип се појави во јуни 2016 година.

– Станете муслимани. Убивајте ги христијаните и нивните слуги. Во нивните градови и држави. Поставувајте им експлозив под нивните автомобили, во нивните домови, во нивните канцеларии. Убивајте ги со снајпери и придушувачи, убивајте ги како имате можност, па дури и со нож – велеше Кесеровиќ.

„Се придружив во војната за да го поддржам Исламот“

Во видеоприлогот кој го објави една курдска телевизија се појави и Емир Алишиќ, чие војничко име во Сирија беше Еву Талха. Тој во Сирија отпатува во декември 2013 година.

На прашањето како стигнал во Сирија и поради која причина, Алишиќ одоговори:

– За да му помогнеме на народот, поради народот, жените децата…Се приклучив на војната за да го поддржам Исламот, да се прошири во сите делови на светот. Кога дојдов во Сирија, на почетокот немаше Исламска држава, па се приклучив на фроното Нусра – рече тој.

Емир Алишиќ преку Сараево и Истанбул отпатува во Сирија, и притоа таму го пренесе целото семејство.

Медиумите во 2016 година објавија сторија за Алишиќ и неговото семејство, односно неговото заминување на боиштата во Сирија. Пред заминувањето, тој живеел во малото село Ошве во БиХ.

Јасмин Кесеровиќ, Сенад Касуповиќ, Хамза Лабиди, Миралем Бербиќ и Емир Алишиќ синоќа беа депортирани од Сирија во Босна и Херцеговина каде им е одреден притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот