Борбата помеѓу Хабиб и Фергусон ќе биде најважна во историјата на УФЦ

twitter/theusposts

Иако борбата помеѓу шампионот Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон во лесна категорија ќе се одржи дури на 18 април идната година уште сега почнува да се подгрева атмосферата. Дуелот помеѓу непоразените борци во УФЦ дури четири пати беше одложувана поради повреди на Нурмагомедов (2015 и 2017) и на Фергусон (2016 и 2018).

– Четири пати ја закажувавме борбата и четири пати беше откажана, два пати поради Хабиб и два поради Тони. Милиони фанови ја исчекуваат оваа борба. Верувајте досега немало ништо слично во историјата на УФЦ. Ова е најважната борба во историјата на УФЦ. Не е важна само за мене, туку и за мојата земја, за мојата република и за нашите фанови – изјави таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов.

Абдулманап кој е еден од тренерите на шампионот верува дека токму Фергусон е најтешкиот противник за Хабиб во неговата кариера.

– Со секоја борба и подготовките за неа, ние учиме нешто ново и Хабиб станува се подобар. Највеќе напредува во удирачките техники, секогаш успеваме да ги изненадиме противниците. Тренерот Хавиер Мендез вети ново изненадување, но мислам дека Хабиб овој пат ќе го спроведе мојот план.

Тони Фергусон е неверојатно издржлив борец и има добра серија на победи. Противниците знаат да бидат подобри од него за време на борбата, но тоа пронаоѓа начин да ги нокаутира или да ги натера да се предадат. Тој е многу квалитетен и сериозен противник. Мораме добро да се подготвиме – вели Абдулманап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот