„Борба за Влае“: Вака некако ќе изгледа плоштадот „Делфина“ ако помине предложениот ДУП

Фото: Монтажа/„Борба за Влае“

Граѓанската иницијатива „Борба за Влае“ објави фотомонтажа на можниот изглед на плоштадот „Делфина“ во скопската населба, во која според предложениот ДУП и најавите од градоначалникот Стевчо Јакимовски треба да „никне“ зграда од 11 ката, црква, градинка и монтажна катна гаража.

Од иницијативата сметаат дека ДУП-от ќе ја „бетонизира“ населбата и ќе ги намали и онака малкуте постојни зелени површини во населбата и места за рекреација во Влае.

„Борба за Влае“ нагласува дека сликата е авторска идеја на жител на населбата и дека никој не може да гарантира дека просторот ќе изгледа вака, но и оти тоа е јасна илустрација за последиците од предложениот ДУП. За споредба, иницијативата објави и слика од сегашниот изглед на плоштадот.

„Ова е авторска идеја од жител кој сака да остане анонимен. Сепак, на плацот за црквата се дозволени 49% за меморијален центар или гробишта. Веројатно симболиката што ќе се случи со Влае ако се изгради се што е зацртано во предлог ДУПот е јасна и без слика со гробишта“, пишуваат од „Борба за Влае“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот