Борба за ракометниот трон: Атомскиот ракомет на „фуријата“ или „старата школа“ на Червар

фото: men2020.ehf-euro.com/Jozo Cabraja / kolektiff

Во финалето на Европското првенство (16.30 ч.) во Стокхолм ќе играат Шпанија и Хрватска.

Денеска ќе биде спуштена завесата на 14. Европско првенство во ракомет со одигрување на последниот и најважен натпревар, финалето. Во него ги нема фаворизираните Данска, Франција и Норвешка, туку за титулата ќе се борат Хрватска и актуелниот шампион Шпанија.

Финалниот натпревар ќе претставува пресметка на две сосема поинакви филозофии на ракомет, најдобриот напад против најдобрата одбрана.
Актуелниот шампион Шпанија игра атомски ракомет чија филозофија е да се даде гол повеќе од противникот. Иако е најстара репрезентација на ЕП со просек од 30.6 години, главна одлика во играта на „фуријата“ се брзите голови од транзиција и контрите. Таквата игра досега на првенството им носеше 32 голови по натпревар.

– За да ја победиме Хрватска мора да одиграме перфектно. Хрватска е комплетна екипа со големо искуство, тим со 3-4 играчи кои се меѓу најдобрите во светот. Сите знаеме дека тие сакаат да го контролираат ритамот на наптреварот, но и ние сме искусни, знаеме во која насока ќе оди средбата и подготвени сме. Одиме на злато – изјави Даниел Сармиенто, еден од најискусните во составот на селекторот Жорди Рибера.

Од друга страна, главната одлика на Хрватска е неверојатната одбрана во која главната улога ја има капитенот Домагој Дувњак. Стариот лисец Лино Червар го „уништи“ атомскиот ракомет кој се играше пред неколку години.

Неговата филозофија е дека одбраната е клучот на успехот, а за тоа колку е добра Хрватска во тој сегмент покажува податокот дека ниту една репрезентација на „коцкестите“ не ми даде повеќе од 24 гола, освен Норвешка во полуфиналето, но на тој натпревар се играа члетири продолженија.

– Искрено, некако се испразнивме во полуфиналето, но имавме слободен ден да се подготвиме за тоа што не очекува денеска. Мораме да одиграме фанатично како против Норвешка и се надевам дека ќе победиме – вели Домагој Дувњак, душата на тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот