БОРБА ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ: Деца на 10 години го ризикуваат животот во рингот, некои биле ТРУЕНИ од сопствените ТРЕНЕРИ (ФОТО+ВИДЕО)

Светот на боречките вештини е брутален, крвав и немилосрден.

Неверојатната приказна за тоа ја раскажале планетарно популарните ѕвезди на тајландски бокс, Тајланѓаните Сгетдао и Дејдамронг, кои на патот од трњата до ѕвездите тргнале веќе на 9-10 години.

 

Се бореле за 1-2 евра за да им помогнат на своите семејства да се прехранат. На крајот успеале да станат светски прваци, но на колку такви деца им е прекинат патот, никој не знае.

Мајката на Сгетдао го преколнувала да не влегува во рингот на 10 години, но тој немал дилема.

 

„Почнав да се борам на 10 години бидејќи на моето семејство му беа потребни пари. Секогаш бев исплашен на загревањето, но штом ќе влезев во рингот, тоа чувство исчезнуваше“, се присетува.

„Од почетокот на кариерата трпев страшни напори, но за мене тоа беше единствен начин да го прехранам семејството, но и да станам професионален борач на мај таи.

 

Тој практично го ризикувал животот додека бил дете, а сето тоа за „смешни“ пари.

„За првата борба добив околу 2 фунти, но продолжив да се борам и со секоја борба парите беа поголеми“.

Дејдамронг имал само 9 години кога почнал да се бори, а за првата борба добил 1,5 фунти.

Секако, кај таквите нелегални борби не можат да се избегнат „матни“ типови кои се обидуваат да заработат во обложувалници. Така, Сгетдао бил отруен од сопствениот тренер. Поради облог.

 

„Отидов во ресторан да јадам риба, два дена пред борбата. Еден од моите тренери ставил отров во моето јадење“, се присетува.

Но Сгетдао и затруен успеал да победи, а тренерот останал без 50.000 фунти добиток.

„Никогаш не сум можел да замислам дека некој кого го сакам и кому му верувам, би направил нешто такво“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот