БОРБА СО НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ И УЖАСНИТЕ УСЛОВИ: Околу 600 мигранти ќе презимат во кампот Вучјак во БиХ

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Во мигрантскиот камп Вучјак во близина на градот Бихаќ во Босна и Херцеговина, каде според последните информации престојуваат околу 600 мигранти, ситуација никогаш не била полоша.

Само најхрабрите се уште се охрабруваат да тргнат и преку минските полиња и планината Пљешивица нелегално да преминат во Хрватска и ЕУ. Останатите се борат да ја преживеат зимата, на полјана без тоалет, струја, дури и без доволно кревети и место во старите дотраени шатори. Многумина спијат надвор, пишува „Српскаинфо“.

Благодарение на Црвениот крст во Бихаќ, овие луѓе добиваат два оброци днево, а вода им се доставува во цистерни.

– Бидејќи времето е се постудено, се намали бројката на мигранти кои пристигнуваат на подрачјето на Бихаќ. Претходно со возовите доаѓаа и до 200 луѓе дневно, а сега стигнуваат педесетина за време на еден ден – вели Але Шиљдедиќ, портпарол на МВР-то на Унско-санскиот кантон.

Тој наведе дека се очекува преместување на мигрантите од овој камп во кои нема основни услови, во друг во близина на Сараево, но се уште не е јасно кога тоа може да се случи. Шиљдедиќ тврди дека полицијата нема созданија дека мигрантите од Вучјак масовно се враќаат во Србија, каде имаат подобри услови во камповите, но дека Меѓународната организација за миграција им понудила организирано враќање во земјите од кои пристигнале.

Инаку, хуманитарните активисти на терен тврдат дека се поголема бројка, очајни поради ситуацијата во камповите во БиХ, се обидуваат преку Тузла и Зворник, нелегално да се вратат во Србија.

– Ние немаме такви сознанија. Искуствата од минатите години покажуваат дека мигрантите, најверојатно, ќе останат на моменталната локација и ќе се обидат тука да ја минат зимата, за на пролет повторно да се обидат да стигнат до Европската Унија – вели Шиљдедиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот