Борба против африкански џихадисти: Макрон разговара за засилување на воена соработка

До средбата дојде откако САД соопштија дека ќе го намалат своето воено присуство во Африка.

Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателите на Групата пет земји од Сахел се сретнаа денеска на југозападот од Франција каде разговараат за засилување на воената соработка во борбата против џихадистите.

До средбата дојде откако САД соопштија дека ќе го намалат своето воено присуство во Африка.

Маркон и претседателите на Буркина Фасо, Мали, Мауританија, Нигер и Чад, пред почетокот на самитот положија цвеќе во знак на почит кон групата од 13 француски војници кои во ноември настрадаа во хеликоптерска несреќа во Мали, јавија американските медиуми.

По самитот е предвидена и работна вечера на која треба да им се приклучи и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш,  претседателот на Одборот на Африканската унија, Муса Факи, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот