Борба на титаните, 58 рунда: Ѓоковиќ и Надал за финале на „Ролан Гарос“!

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Денешното полуфинале на грен слем турнирот во Париз помеѓу најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ (Србија) и Рафаел Надал (Шпанија) нема да започне пред 17.30 часот, соопштија организаторите.

Претходно на теренот „Филип Шатрије“ во првото полуфинале од 14.50 часот силите ќе ги одмерат Стефанос Циципас (Грција) и Александер Зверев (Германија).

Тоа ќе биде 58 дуел помеѓу Ѓоковиќ и Надал, деветти на „Ролан Гарос“ каде Рафа има учинок од 7:1 против Ноле, но српскиот ас севкупно води минимално со 29:28.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ го совлада Матео Беретини (Италија) со 6:3, 6:2, 6:7 (5) и 7:5, додека Надал го елиминираше Диего Шварцман од Аргентина со 6:3, 4:6, 6:4 и 6:0.

Нивната нова битка ќе биде реприза од минатогодишното финале во кое Шпанецот беше подобар и ја освои рекордната 13 титула во Париз.

– Тоа не е меч како кој било друг. Тоа е најголемиот предизвик кој може да го имате – да играте на земја против Надал, на терен каде што имаше толку голем успех – вели Ѓоковиќ пред полуфиналето.

ВИДЕО: Ѓоковиќ во дрес на Никола Јокиќ се подготвува за мечот со Надал!

Надал е на две победи од својата 21 грен слем титула, што ќе го стави зад себе Швајцарецот Рожер Федерер, со кого во моментов е израмнет по бројот на освоени грен слем трофеи. Од друга страна, Ѓоковиќ се обидува да стигне до број 19 и со тоа да стигне само до една грен слем титула помалку од најголемите ривали.

Во моментов, првиот светски тенисер го подигна трофејот во Париз во 2016 година, а сега тој може да им се придружи на Род Лејвер и Рој Емерсон како единствените тенисери кои ги освоија сите четири грен слемови барем двапати.

Крејчикова и Пављученкова за титулата на Ролан Гарос

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот