Борачот Нуров со три победи обезбеди полуфинале на Медитеранските игри

фото: facebook.com/mok.macedonia.5

Магомедгаџи Нуров успешно го претставува македонското борење на Медитеранските игри кои се одржуваат во Оран, Алжир.

Нашиот натпреварувач во категоријата до 97 килограми денеска запиша три победи кои му обезбедија полуфинале и борба за медал.

Беше убедлив во трите борби, на стартот со 13:2 го елиминираше Мохамед Саадауи од Тунис.

Потоа, со 10:0 триумфираше против Алжирецот Мохамед Фардж, а со истиот резултат го совлада и Алехандро Канада Панкорбо.

Во полуфиналето Нуров ќе ги одмери силите против Мостафа Елдерс од Египет со почеток од 18.40 часот по македонско време, а во втората полуфинална борба Тунижанецот Саадауи за ривал го има Фејзулах Актурк од Турција. Повеќе на следниот линк ТУКА

Од другите македонски борачи Фати Вејсели во четвртфиналето во категоријата 74 кг. со 4:0 загуби од Алексиос Кауслидис (Кипар), додека во истата фаза Владимир Егоров е елиминиран од Египќанецот Јехија Хафез во категоријата 65 кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот