Бора Чорба проговори за заработката, а се присети на покојниот Миша Алексиќ

рибља чорба
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Фронтменот на групата „Рибља Чорба“, Бора Ѓорѓевиќ или попознат како Бора Чорба живее на релација Словенија и Србија. Тој вели дека му се допаѓа и таму и таму. Но, ја забележува разликата во темпераментот на народот во Србија и народот во Словенија, пренесува српски „Телеграф

„Добри се и едните и другите. Има фина разлика во темпераментот. Таму ви приоѓа човек и ви вели „извинете Боро, дали би биле толку љубезен да се сликаме? Извинете што ви пречам“, а тука ти вели: „Кај си бе, ајде да се сликаме“, раскажа Бора низ смеа за „Гранд њуз“.

Неговиот бенд сними нов албум за време на пандемијата на коронавирусот.

„Да, 11 песни и сингл со две песни, ги одвоив затоа што се различни. Проблемот со издавачите е што веќе никој не купува ЦД-а. Само она што се појавува на „Јутјуб“ и на интернет може да донесе одредена корист за издавачите“, вели тој.

Најголемото полнење на батериите за него е дружењето со публиката и настапите, па така ќе биде и во наредниот период, а тој откри дека се подготвува и за турнеја во Америка.

„Кон крајот на септември одиме во Америка. Малку сме стари, не можеме да го обиколиме источниот и западниот брег, па ќе свираме само во Торонто и Чикаго“, вели тој.

Бора се присети и на својот покоен колега, басистот Миша Алексиќ. Тој вели дека сè уште не може да прифати дека го нема.

„Негова песна ќе се најде на новиот албум. Застапен е. За првпат одиме на турнеја без Миша. Не можам да зборувам за тоа, толку е шокантно што Миша замина за десет дена. Се договоривме да умреме заедно на сцената, ние двајца, но тој подрани. Верувам дека и тој би сакал да продолжиме да работиме“, вели пејачот.

На крајот се осврна и на темата за распределба на парите за авторски права. Бора тврди дека тоа е скромна цифра и дека не може да се живее од неа.

„Сосема симболично, но доаѓа. 0,3 евра пристигнуваат од Австралија. Но, тие се грижат. За време на војната и бомбардирањето, германска агенција поврзана со нашиот „СОКОЈ“ (Организација на музички автори на Србија) испрати писмо и праша: „Како го регулиравте прашањето за музика во лифтови?“. Гледате како регулираат цивилизираните земји, а кај нас половина лифтови не работеа“, раскажа тој за „Гранд њуз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот