Бонучи: Расизмот не треба да постои во 2019 година

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Моисе Кин во 85. минута постигна гол против Каљари, а во текот на натпреварот постојано беше цел на навреди од трибините. Кога го постигна вториот гол за Јувентус, 19-годишниот Кин чии родители се од Брегот на Слоновата Коска, застана пред навивачите и ги рашири рацете, предизвикувајќи бурна реакција на противничките навивачи.

Леонардо Бонучи, еден од најискусните фудбалери на Јувентус истакна дека младиот Кин морал поинаку да постапи и дека половина од вината оди и на негова сметка.
– Секој има право да се лути. Појавата на расизмот е скандалозна и такво нешто не смее да постои во 2019 година. Многумина погрешно разбраа што сакав да кажам – се правдаше подоцна Бонучи.

Неговата изјава наиде на жестоки реакции од бројни фудбалери, а Марио Балотели изјави дека екс-колегата од репрезентацијата имал среќа што тој не бил на стадионот.
– Отсекогаш Марио ми беше симпатичен, така и ќе остане. Не ги оправдувам расистичките навреди, само реков дека би ми било помило Моизе да го прославуваше голот со нас. Разговарав со сите кои се јавија по мојата првична изјава и им ја објаснив ситуацијата – додаде Бонучи.

Дисциплинската комисија на Серија А го одложи донесувањето за наводните расистички навреди упатени кон Кин бидејќи побара подетални информации од делегатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот