Бонучи го продолжи договорот со Јувентус (ВИДЕО)

фото:твитер

Леонардо Бонучи (32) официјално потпиша нов договор денеска со Јувентус кој ќе трае до 2024 година.

Дефанзивецот се врати во дресот на Јуве од Милан во летото 2018 година, а со клубот минатата сезона го освои трофејот во Серија А.

Во кариерата освен за Милан и Јувентус, ги бранеше уште боите на Интер, Тревизо, Бари ,а за италијанската репрезентација имаше 95 натпревари и седум голови.

Според италијанските медиуми, наскоро се очекува нови договори да потпишат уште двајца фудбалери на „Старата дама“, Војциех Шчесни и Хуан Квадрадо.

Како што известува „Скај Спорт Италија“, голманот Шчесни исто така би останал верен до 2024, а играчот од средниот ред Квадрадо до 2022 со опција да остане уште една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот