Бонтон во облекувањето: Почитувајте ги овие правила за секогаш да изгледате беспрекорно!

Коко Шанел еднаш рекла: „Облечи се излитено и луѓето ќе го запамтат фустанот, облечи се беспрекорно и луѓето ќе ја запамтат жената.” Тешко е да не се сложиме со неа, затоа што облеката е многу важен дел за нашата целокупна слика. Секоја неправилност и грешка се забалежува, особено кога прв пат се сретнувате со некого.

Ова се се најосновните правила на облекување, мора да се придржувате до нив ако сакате секогаш да изгедате беспрекорно.

1. Средното копче од сакото секогаш мора да биде закопчано. Дали ќе го закопчате горното копче, зависи од вашето расположение. Долното копче никогаш не смее да биде закопчано.

2. Кога носите кошула или блуза, не откопчувајте повеќе од две копчиња.

Instagram

3. Носете обетки, кои ви одговараат со алката и ѓердан кој ви одговара со прстенот. Три или повеќе детали се премногу.

4. Врвот на вратоврската мора да биде подолг од струкот.

Instagram

5. Одлучете се за мини сукња или за деколте. Двете заедно ќе изгледаат вулгарно.

6. Ако носите кошула и сако, не мора да носите вратоврска.

7. Деколтето на деловната гардероба не смее да биде пониско од 10 см од вашата клучна коска.

Instagram

8. Ако кошулата ја носите во фармерките или во панталоните, задолжително ставете ремен.

9. Помеѓу блузата и фармерките не смее да има гола кожа. Ако е потребно, носете маица.

10. Чевлите и ременот мора да бидат во иста боја.

11. Отстранете ги сите видливи етикети од гардеробата.

12. Не носете премногу шари. Одлучете се за две различни шари со иста боја или две исти шари со различна големина.

Instagram

13. Чорапите мора да бидат доволно долги за да не се гледаат голите нозе додека седите.

14. Деловната блуза без ракави мора да ги покрива рамената. Тенките прерамки не се прикладни за формални прилики.

Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот