Боно откри дека има полубрат за кој не знаел дека постои: Татко ми го чуваше во тајност

боно
Боно / Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Пејачот на ирскиот рок бенд „U2“, Боно, откри дека има полубрат за кој со децении не знаел дека постои, пишува „Би-би-си“.

„Имам уште еден брат, кого го сакам и обожавам, не знаев дека го имам“, изјави Боно на „Desert Island Discs“ на „BBC Radio 4“. Пејачот рече дека дознал за својот полубрат во 2000 година.

Боно истакна дека неговата мајка Ајрис, која починала во 1974 година, не знаела дека нејзиниот сопруг имал дете со друга жена.

„Тоа е многу блиско семејство и сфатив дека татко ми има длабоко пријателство со таа прекрасна жена… А, потоа добиле бебе. И сето тоа беше чувано во тајност“, рекол Боно, додавајќи дека кога дознал, разговарал со својот татко Боб пред неговата смрт во 2001 година.

Тој го прашал својот татко дали ја сакал неговата мајка и тој му рекол дека ја сакал. Тогаш пејачот го прашал „Па, тогаш како можеше да се случи тоа?!“, а неговиот татко одговорил: „Можеше“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот