Боне: Да се избегне целосно затворање на границите во рамките на Европа и Шенген зоната

Париз

Како пример, Боне ги наведе „силните препораки” дадени од француските власти против патувањето во Каталонија, каде повторно има пораст на бројот на заразени.

Францускиот државен секретар за европски прашања Клемен Боне смета дека треба да се избегне целосно затворање на границите колку што е можно повеќе во рамките на Европа и Шенген зоната.

Боне смета дека Франција ќе избегне целосни забрани за патување во европски земји, но дека ќе обезбеди советодавни услуги за патувања во региони, каде има обновено зголемување на бројот на случаи на новиот коронавирус.

– Ние се обидуваме да ги лоцираме жариштата, без воведување непропорционални мерки, изјави тој за Франс Интер.

Како пример, Боне ги наведе „силните препораки” дадени од француските власти против патувањето во Каталонија, каде повторно има пораст на бројот на заразени.

– Но, тоа не е мерка што се применува во цела Шпанија, нагласи Боне.

Ова е во спротивност со пристапот на британската Влада, која воведе задолжителен целосен карантин за сите патници кои се враќаат од Шпанија, објави Политико. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот