Бонд филмот „No Time To Die“ одложен по трет пат

Instagram

Oбјавувањето на следниот филм за Џејмс Бонд е одложено по трет пат поради пандемијата на коронавирусот, пренесува „Би-Би-Си“.

Филмот „No Time To Die“ веќе двапати беше откажан, а новиот датум е за светската премиера е закажан на 8 октомври, се вели во објавата на официјалната веб-страница на филмот.

Instagram
Instagram

Првично требаше да се појави на филмското платно во април 2020 година.

Филмот е 25-тото продолжение во франшизата на Бонд и го одбележува последното појавување на актерот Даниел Крег во улога на 007 агент.

На почетокот на оваа недела, водечките режисери вклучувајќи ги Дени Бојл и Сер Стив Мартин повикаа на финансиска поддршка од владата на Велика Британија затоа што поради целата ситуација со пандемијата „кино салите во се на работ на бездната“ без никаков профит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот