Бонбониера во облик на „Голема Албанија“ ги налути Србите

Голем број на трговски ланци во Србија во својата понуда ја имаат бонбониерата „Камила“, на чија декларација јасно е наведено дека „увозот е од Косово“, со што грубо се крши Уставот на Србија.

За да бидат полоши работите, кога ќе се отвори кутијата, се забележува дека чоколадните бонбони се немастени во форма на „Голема Албанија“, со што се испраќа јасна провокација до сите клиенти и граѓани во Србија.

Надлежните власти, аналитичарите и претставниците на Здружението на потрошувачи остро ја осудија продажбата на ваков производ во Србија и велат дека таа мора да се отстрани од полиците во најбрз можен рок.

– Во продавницата наидов на бонбони „Камила“, кои изгледаа убаво и решив да купам. Искрено, јас не обрнав внимание на декларацијата затоа што никогаш не ја гледам. Кога се вратив дома, кога погледнав ми падна „мрак пред очите“. На декларацијата на производот што го купив во Србија стои земјата на потекло- Косово. Не можев да верувам дека некој го дозволил тоа – сведочи видно разочаран граѓанин на Србија.

 

View this post on Instagram

 

MADE WITH LOVE. MORELLO. #KAMILACHOCOLATE ❣️ . . . #kamilachocolate #chocolate #prizren #kosovo

A post shared by Kamila Chocolate (@kamilachocolate) on

Итна реакција

Аналитичарот и извршен директор на Центарот за меѓународна јавна политика, Мишел Зубеница вели дека вакви работи не треба да се случуваат во Србија и оти овој производ треба да се отстрани од полиците што е можно поскоро.

– Ставот на нашата земја за Косово е јасен, како и нашиот Устав. Затоа, не треба да дозволиме да гледаме производи со косовска декларација на полиците. Сето ова е дополнително неразбирливо за мене, со оглед на таксите кои ги плаќаме за нашите производи, а нашите компании се борат да продадат производ на Косово. Со сето ова, плус оди и фактот дека бонбониерата има форма на „Голема Албанија“, што е директна провокација за секој наш граѓани- смета Зубеница.

Националната организација на потрошувачи на Србија потенцира дека ваков начин на декларација е надвор од сите законски норми, но непочитување на граѓаните на Србија.

– Ги поставиле бонбониерите малку накосо за да не може лесно да се забалежи. Тоа е огромна провокација и не можам да верувам дека сè уште е на рафтовите во продавниците – се пожалил еден потрошувач.

Јасни прописи

Надлежните органи сметаат дека има пропусти во овој вид на декларација и посочуваат дека Царината, а потоа и сите други, мора да бидат многу повнимателни и поригорозни во однос на тргувањето на дистрибутерите на овој начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот