Бомби поставени насекаде низ Киев: Сомнителен куфер пронајден кај метро станица, мета се и трговски центар и пазар (ВИДЕО)
Засега нема индикации дали некој е повреден во инцидентот.
Украинската полиција демонтираше две импровизирани експлозивни направи кај пазарот „Мински“ и пакет кај метро станицата „Минска“ во Киев, соопшти градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.
Полицијата исто така примила дојава за поставен експлозив во Апелацискиот суд и во трговски центар.
На одредени снимки се гледа момент на експлозијата, а луѓе стојат надвор од евакуираното подрачје.
Непосредно пред експлозијата пронајден е сомнителен куфер близу станицата.
Засега нема индикации дали некој е повреден во инцидентот.
„Деминерите само што деактивираа две импровизирани експлозивни направи на пазарот „Мински“. Околу 12 часот примивме анонимна дојава за поставен експлозив кај два киосци. Полицијата ја провери таа информација и пронајдоа опасни предмети. Експлозивите се деактивирани“, рече Кличко.
Деминерите исто така неутрализирале и сомнителен пакет, пронајде покрај еден киоск кој се наоѓа покрај станицата на метрото „Минска“ во Киев.
„Денеска полицијата доби дојава дека пред метро станицата „Минска“ е поставен експлозив. На наведената адреса итно е упатена оперативно-истражна група на Управата на полицијата, патролна полиција, деминери и кинолози со службени кучиња“, се наведува во соопштението.
Според соопштението на полицијата, во текот на претресот на териториите, експертите пронашле соминителен пакет и пред еден киоск.
„Поради безбедност, на самото место го онеспособиле. Остатоците се испратени на испитување. На самото место се наоѓа полиција и ја проверува околната територија“, прецизираа од полицијата.
Покрај тоа, државната служба на Украина за вонредни ситуации соопшти дека добиле дојава дека е „миниран“ апелациониот суд во Киев. На самото место излегле деминери.
Како што се наведува, дојава за „минирање“ пристигнала и од трговскиот центар „Ошн плаза“. Во тек е негова евакуација, јавија медиумите од главниот град на Украина.