Бомбардирањето на Иран е солуција за Израел - Слободен печат

Бомбардирањето на Иран е солуција за Израел

Израел е подготвен да го бомбардира Иран со цел да го спречи да произведе нуклеарно оружје, изјави израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац во интервју за италијанскиот весник „Кориера дела сера”.

– Дали бомбардирањето на Иран е солуција, која се разгледува од Израел? Да, има таква можност. Нема да дозволиме Иран да произведе или да набави од друго место нуклеарно оружје. Ако тоа е последниот можен начин да спречиме таква активност, тогаш ќе дејствуваме со воени средства, истакна Кац.

Во интервјуто шефот на израелската дипломатија упати критики за европските земји бидејќи ја поддржуваат тврдата позиција на САД, под раководство на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја повлече земјата од иранскиот нуклеарен договор постигнат во 2015 година.

– Се додека Иранците се во заблуда дека ја имаат поддршката од Европа, дотогаш ќе биде тешко тие да се повлечат, смета Кац.

Тој вчера за време на надворешнополитичката конференција во Рим истакна дека е крајно време западните и арапските земји „да формираат коалиција, која ќе му се закани на Иран и ќе го принуди да ја прекине својата нуклеарна програма”.

Прочитај повеќе

Основачот на СЕФ: Иако во изминатите 50 години е постигнат голем напредок, во светот владее претеран песимизам

Слободен печат

Нови дојави за бомби затворија над 100 училишта и трговски центри во Москва

Слободен печат

Напаѓач отвори оган пред ноќен клуб во Канзас Сити: Двајца загинати, 15 повредени

Слободен печат

Либија драстично го намалува производството на нафта

Слободен печат

Ангелов: МВР нема да може да биде злоупотребено, но ќе биде користено за да се покаже дека нешто не функцонира

Слободен печат

Случајот „Рекет“ одложен поради отсуство на адвокатите на Катица Јанева

Слободен печат

Остави Коментар

4 + nine =

Прочитај повеќе

Прва седица на Претседателството на новото косовско Собрание

Слободен печат

Казна од 50 милиони евра за „Гугл“ за кршење на правилата за заштита на личните податоци

Слободен печат

Силната бура не може да ги запре пожарите во Австралија

Слободен печат

„Њујорк тајмс“ првпат поддржа двајца кандидати за претседателска номинација

Слободен печат

Пивоваров за лустрацијата: Во екс СФРЈ оперативци пишуваа оперативен материјал само за да покријат дека тој е добиен од оперативна врска

Слободен печат

Навременото плаќање на сметките е проблем за третина од домаќинствата

Слободен печат