Бомба во песок во детско игралиште: Деца ископале тегла со експлозив во Нови Сад

Фото: Фејсбук

Рачна бомба е пронајдена на детското игралиште во улицата Д-р Иван Рибар 5, Лиман 2 во Нови Сад попладнево, дознава 021.rs.

Според информациите на 021.rs од местото на настанот, децата ја пронашле бомбата додека играле и таа била ископана од песок.

Бомбата била во тегла, а не е познато од кога датира и кој ја оставил на детското игралиште. Rодителите од околните згради веднаш повикале полиција.

Полицијата ја обезбеди локацијата, а деминирачката служба на Министерството за внатрешни работи ја отстранува бомбата.

Се очекува повеќе информации да бидат познати по соопштението на полицијата во Нови Сад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот