Бомба во Ла Лига, Сименоне си оди?!

EPA-EFE/Atletico de Madrid

Диего Симеоне ја одработува последната сезона на клупата на Атлетико Мадрид , сензационално објавува весникот „Марка“. Челниците на екипата на незадоволни од последните сезони, додека Аргентинецот е се понервозен притоа порачувајќи дека секој кој мисли дека транзицијата е сончање и чекање цвеќето да процвета, не го познава ниту фудбалот ниту него.

„Марка“ тврди дека Симеоне не гледа безболен излез од несогласувањата со управата и дека повеќе не е во добри односи со челниците кои ги минираат неговите одлуки. Популарниот „Чоло“ е лут поради повторниот ангажман на Диего Кошта кој не е ниту сенка од првиот негов мандат во тимот од Мадрид, додека на товар му се ставаат и поразите во првенството и во Лигата на шампионите.

Навивачите сметаат дека Симеоне со кукавичката игра е директен виновник за поразите од Барселона во Ла Лига и од Јувентус во ЛШ. Управата е незадоволна затоа што најскапото засилување во историјата на клубот, Жоао Феликс е на клупата бидејќи Симеоне шанса му дава на Витоло.

Одговорот на обвинувањата од управата и од навивачите е клубот во зимскиот преоден рок да се засили со неколку фудбалери кои ќе му помогнат тимот да се врати во борбата за трофеите. Највисоко на листата на желби е Бруно Гумареш од Атлетико Параненсе и Единсон Кавани, додека Тимо Вернер е невозможна мисија.

„Марка“ тврди дека Симеоне нема да добие отказ наскоро, туку челниците ќе почекаат да заврши сезоната и ќе се разделат со Аргентинецот.

Доколку овие тврдења на „Марка“ се обвистинат, Диего Симеоне нема долго да биде без работа бидејќи некои од најголемите европски гиганти сериозно се заинтересирани за неговите услуги. Во прв ред се споменуваат Манчестер јунајтед и ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот