Бомба тешка 500 килограми пронајдена во центарот на Келн, наложена евакуација

Експлозивната направа е пронајдена синоќа при градежни работи во близина на реката Рајна во центарот на Келн.

Во Келн е пронајдена американска бомба од Втората светска војна, тешка 500 килограми, која денеска ќе биде деактивирана и поради тоа е наложена евакуација на железничката станица, зградата на операта, телевизијата и неколку куќи.

Експлозивната направа е пронајдена синоќа при градежни работи во близина на реката Рајна во центарот на Келн.

Поради деактивирањето на бомбата ќе биде нарушен и речниот и воздушниот сообраќај. Локалните власти планираат да го затворат и мостот преку реката Рајна, каде минуваат повеќето возови до главната железничка станица во Келн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот