Бомба: Роналдо се враќа во Реал Мадрид?!

По секоја цена сака да си оди од Торино и Серија А/Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Сензационална вест утринава доаѓа од Шпанија, Кристијано Роналдо се враќа во Реал Мадрид.
Оваа вест не би била сфатено сериозно доколку не се појавеше на насловната страница на „Марка“ која ретко греши кога станува збор за вести поврзани со Реал Мадрид. Според весникот, супер агентот Жорге Мендеш се обидува да го врати Кристијано Роналдо на „Сантијаго Бернабеу“.
Веста ја потврди и авторот на емисијата „Ел Чирингито“, Хосеп Педрерол, кој вели дека Мендеш имал неформален разговор со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез на која го опипувал пулсот на првиот човек на „кралевите“ за можноста неговиот клиент да се врати во Шпанија.
– Вистина е, Жорге Мендеш му понуди на Реал Мадрид да го врати Кристијано – изјави Педрерол.

Управата на Јувентус сфати дека експериментот со Португалецот не успеа, „старата дама“ втора година по ред е елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионте, и поради тоа на лето ќе започне со ремонт и подмладување на екипата.
Згора на тоа, огромен товар за Јувентус е огромната плата на Роналдо која изнесува 30 милиони евра посебно во време кога екипите се соочуваат со големи финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот