Бомба од пола тон пронајдена на градилиште во Будимпешта

Бомба тешка 500 килограми која потекнува од Втората светска војна била пронајдена на градилиштево 13-тиот округ во Будимпешта, соопшти денеска тамошната полиција.

Бомбата ќе биде деактиварана утре во околината на улицата Рејтер Ференц, каде сите граѓани ќе бидат евакуирани во радиус од 500 метри, најавил претставникот на воениот одред за отстранување на бомби, пренесува агенцијата МТИ.

Како што се наведува, се очекува дека операцијата ќе биде изведена меѓу 07 и 13 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот