„БОМБА“ ОД ЕНФИЛД: Клоп се откажува од Салах!

фото/твитер

Веста е изненадувачка не само затоа што европскиот шампион не е спомнат досега како заинтересиран за купување на суперталентираниот напаѓач на ПСЖ, туку затоа што доаѓа во силниот налет на Реал Мадрид кој веќе долг период не се откажува од намерата да го донесе Французинот

Сепак, според британските медиуми, таквиот договорот би можел да го „расипе“ Ливерпул. Менаџерот на Редси, Јирген Клоп е подготвен да се откаже од Мохамед Салах или евентуално Садио Мане, само за да го ангажира Мбапе.

Според овие извештаи, црвените од „Енфилд“ планираат да им понудат на „светците“ сума од 250 милиони евра!

Идејата тие парите за тој трансфер, што би бил најголем во историјата на фудбалот, се обезбедат со продажба на Салах или Мане, но и со донација на новиот спонзор, еден од најголемите светски производители на спортска опрема.

На Мбапе ќе му бидат понудени 40 милиони евра по сезона! Во секој случај, „лудилото“ околу Мбапе продолжува…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот