Бомба од 100 килограми со детонатор пронајдена на северот на Унгарија

Бомба од Втората светска војна тешка 100 килограми е пронајдена утрово на градилиште во Мишколц, во северна Унгарија.

Ова за МТИ го соопшти службеникот за врска на единицата за отстранување бомби при унгарската армија и додаде дека станува збор за бомба произведена во Советскиот сојуз.

Експертите за експлозиви, додаде тој, утврдиле дека бомбата има детонатор, кој мора да се отстрани од тоа место.

Наложена е евакуација на сите жители кои живеат во радиус од 200 метри од локацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот