„БОМБА“ НА ЧАИР: Ќатип Османи на клупата на Шкупи!

Ќатип Османи летово го напушти актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија поради слабите резултати во новата сезона, но многу брзо најде нова задача.

Османи доаѓа како замена за досегашниот тренер на тимот од Чаир, Булет Акин. Турскиот тренер си замина од Шкупи после само два мечеви во шампионатите, една победа над Силекс и пораз од Вардар.

Официјално потпиша договор до крајот на 2021 година. Османи својот прв натпревар со новиот клуб ќе го има во Купот на 25 септември против Силекс, а наредниот прволигашки дуел со Академија Пандев тимот ќе го води Орхан Абди.

Човекот кој што две години по ред го водеше тетовскиот клуб до плејофот на Лига Европа, во новата сезона ќе има нов тренерски предизвик. Османи успеа во Скопје да игра против врвни клубови како Милан и Розенборг.

После шест кола во Првата лига Шкупи е моментно на четвртото место со осум бодови, шест помалку од лидерот Академија Пандев.

Османи својот прв натпревар со новиот клуб ќе го има во Купот на 25 септември против Силекс, а наредниот прволигашки дуел со Академија Пандев тимот ќе го води Орхан Абди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот