Бомба фрлена во ресторан во центарот на Белград (ФОТО)

Фото: Printscreen/Pink TV

Во ресторан во центарот на Белград ноќеска е фрлена рачна бомба, објави Пинк.

Наведено е дека непознат маж ја активирал и ја фрлил во угостителски објект во Добрачинова улица каде експлодирала.

Никој не е повреден, а материјалната штета е значителна со оглед на тоа што има оштетувања и на возила кои биле паркирани пред објектот.

Фото: Printscreen/Pink TV

Објектот бил празен кога е фрлена експлозивната направа, а на самото место излегла и противпожарна екипа за да го локализира пожарот која настанал по експлозијата.

Полицијата изврши увид и соопшти дека истрагата е во тек.

Се работи на откривање на идентитетот на бомбашот и мотивот за нападот кој ги вознемири белграѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот