„Бомба“: Фелипе го заменува Вардар со Шкендија!

fkvardar.mk

Фелипе кој до сега ги бранеше боите на Вардар, се очекува од наредната сезона да ги брани боите на Шкендија. Дефинитивно Бразилецот ќе биде можеби и најголемото засилување летово за тетовските „црвено-црни“ во пресрет на новите европски настапи.

Веќе и на социјалните мрежи се потврдува оваа информација, а верните навивачи на Вардар веќе го изразуваат незадоволството поради фактот што Шкендија е еден од најголемите ривали за домашните трофеи.

Шкендија во меѓувреме веќе одигра четири пријателски натпревари во Словенија преку кои се темпира формата за квалификацискиот двомеч во ЛШ против естонскиот Номе Калју.

Фелипе беше еден од главните носители на играта на Вардар во историското учество во групите на Лига Европа, а сега нешто слично посакуваат и фудбалерите на тренерот Ќатип Османи.

Исто така и Вардар предводен од Александар Васоски стартуваше со своите тренинзи за наредната натпреварувачка сезона 2019/20. Иако се шпекулираше дека Жуниор ќе потпише за Партизан, тој ќе се врати во Скопје од родниот Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот