Болтон тврди: Трамп во 2018 година беше подготвен да го напушти НАТО
„Се додека не се сложуваме со Русија нема да одиме во земјите на НАТО кои ѝ плаќаат милијарди на Русија. Ако направат договор за гасоводот, ние излегуваме“, рекол наводно.
Претседателот на САД ДОналд Трамп во 2018 година бил подготвен да излезе од НАТО, тврди неговиот поранешен советник Џон Болтон во новата книга, во која ја раскажува својата верзија на самитот на тој сојуз кој бил оптоварен со напнатост поради придонесот за одбрана на европските членки.
Трамп бил посебно лут што Германија не издвојувала 2 отсто од својот БДП за одбраната, како што е договорено во Советот.
Изградбата на гасоводот Северен тек 2, кој во Германија ќе носи руски гас, дополнително го налути американскиот претседател и го поставил прашањето зошто Вашингтон онаму ги држи војниците заради одвраќање на Русија додека Европа ги продлабочува врските со Москва.
„До 1. јануари овие две држави мора да ги испочитуваат тие два отсто па ќе им ги простиме долговите или ќе отидеме и нема да ги браниме оние кои тоа не го исполнуваат“, рекол Трамп, според сеќавањата на Болтон.
„Се додека не се сложуваме со Русија нема да одиме во земјите на НАТО кои ѝ плаќаат милијарди на Русија. Ако направат договор за гасоводот, ние излегуваме“, рекол наводно. „Нема да се бориме со некој кого тие го плаќаат“.
Трамп својот револт го ставил во средиштето на дипломатијата со Европа иако навистина не се повлече од НАТО. Самитот таврши така што Трамп рече дека ќе го почитува Сојузот, а сојузниците се ставени под притисок да ја зголемат потрошувачката за одбрана.
Трамп неодамна објави дека го намалува бројот на војници на САД во Германија за околу 10.000. Подготвени се и потенцијални санкции за компаниите кои се вклучени во Северен тек 2.
Оваа недела полскиот претседател Анджеј Дуда ќе го посети Вашингтон, каде ќе разговара за преместувањето на американските војници во Полска.