Болтон: САД треба да размислат за санкции против Русија

Џон Болтон / Фото: Архива на Слободен печат

Трамп во понеделникот негираше дека бил информиран за такви активности, кои, според извештаите, можеле да доведат до смрт на американски персонал.

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, денеска изјави дека САД треба да размислат за економски санкции против Русија, ако е вистина дека Москва им понудила пари на талибанските сили за убивање Американци во Авганистан.

Болтон рече дека извештаите, доколку бидат потврдени, се „еквивалентни на напад директно врз Американците”.

– Она што ни треба е посеопфатна стратегија за справување со Русија. Мислам дека Владимир Путин и неговата влада  добро играат со слаби карти и не мислам дека ние воопшто играме, рече Болтон.

Трамп во понеделникот негираше дека бил информиран за такви активности, кои, според извештаите, можеле да доведат до смрт на американски персонал.

– Во Конгресот е предложено Русија да биде прогласена за државен спонзор на тероризмот, ако решиме дека овие извештаи се точни, рече Болтон во интервјуто, како дел од промоцијата на неговите мемоари „Собата каде што се случи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот