Болтон: Можно е „октомвриско изненадување“ – Четврта средба меѓу Трамп и Ким Џонг Ун

Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на САД, во интервју за јапонското издание Никеи изјави дека не ја исклучува можноста од нова средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Според Болтон, тој настан би можел да стане некакво „октомвриско изненадување”, пред претстојните избори за шеф на државата во САД и може да влијае на нив.

-Да, јас мислам дека октомврското изненадување е прилично возможно. Веројатноста од четврта средба со Ким Џонг Ун навистина би можело да се окарактеризира така, изјави Болтон

Во американскиот политички жаргон терминот „октомвриско изненадување” обично означува некој гласен медиумски настан, иако креиран намерно но се случува спонтано кратко време пред изборите и може да влијае на резултатите.

Медиумите овде претходно јавуваа дека во следниот период, најверојатно за време на Генералното собрание на ОН кое се оддржува во септември, САД би можел да ги посети рускиот претседател Владимир Путин, кој можеби ќе оствари средба со Трамп, во Њујорк или во Вашингтон.

Од Кремљ денеска демантираа дека Путин планира патување на Генералното собрание на ОН или средба со Трамп. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот