Болт не може да го преболи неуспехот на спринтерите од Јамајка на Игрите во Токио

Усаин Болт има освоено осум златни медали на Олимписките игри/ фото: EPA/ANTONIO LACERDA

Најбрзиот човек на светот, актуелен сопственик на светските рекорди на 100 и на 200 метри, Усаин Болт е разочаран од настапот на неговите сонародници од Јамајка на спринтерските трки на Олимписките игри во Токио.

Спринтерите од Јамајка во Токио не се пласираа во финалната трка на 100 метри, додека на трката на 200 метри само 32-годишниот Рашид Дваер се квалификуваше во полуфиналето.

– Мислев дека имаме добри спринтери на Олимписките игри. Поради тоа ми пречи и ми е криво кога знам каде сме сега и дека многу држави се пред нас. Разочаран сум и мислам дека имаме таленти, потребно е да се изберат, да тренираат максимално сериозно – вели Болт кој сепак ги пофали спринтерките од Јамајка кои ги освоија сите три медали на трката на 100 метри.

– Тиа сакаат да бидат големи, сакаат да остварат некоја цел и поради тоа работат напорно. Мислам дека тоа не е случај со мажите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот