Болт го прифати предизвикот со тоалетната хартија! (ВИДЕО)

Фото: twitter.com/Sporf

И ѕвездата од „кралицата на спортовите“, светскиот рекордер на 100 метри од Јамајка се вклучи во борбата против коронавирусот.

Усеин Болт е уште еден во низата познати спортисти кој го прифати предизвикот со тоалетната хартија.

Едно кратко видео објави на Твитер со назнака „ОстанидомаПредизвик“. Погледнете како тоа изгледаше:

Предизвикот со жонглирањето на тоалетната хартија кај спортистите се претвори во акција која има за цел да апелира до луѓето да останат во своите домови и така придонесат за спречување на ширењето на коронавирусот.

Светскиот атлетски рекордер од Јамајка на 100 метри, Болт тоа го направи на свој начин.

Желба му беше да заигра и во професионалниот фудбал и тоа во премиерлигашкиот гигант Манчестер јунајтед. Во 2018 година беше дел од австралискиот клуб Централ кост маринерс.

Футсал легендата Фалкао ги критикуваше сите оние кои жонглираат со тоалетната во периодот на самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот