Болсонаро предизвикува: Со шетање и ракување покажува дека е против социјалната дистанца

epa08351010 Brazilian President Jair Bolsonaro leaves the Palacio do Alvorada, headquarters of the presidency in Brasilia, Brazil, 08 April 2020. EPA-EFE/Joedson Alves

Некои од граѓаните го поздравуваа, но повеќето лути удираа во тенџериња од своите домови во знак на протест против неговото ноншалантно однесување.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска прошета по улиците на Бразилија  поздравувајќи ги минувачите и приврзаниците, со што уште еднаш јавно покажа колку се противи на мерките за социјална изолација  во борбата против епидемијата на коронавирусот.

Болсонаро, имено, инсистира на борба против невработеноста, дури и во услови на новонастанатата здравствена криза. Заради тоа повеќепати доаѓаше во судир со гувернерите, па дури и со министерот за здравство, кои заговараат мерки на социјално (физичко) дистанцирање, а која има силно негативно влијание врз економијата.

Британските медиуми пренесуваат дека популарноста на бразилскиот претседател драстично опадна во текот на кризата заради коронавирусот и се повеќе Бразилци му се лути за неговиот став за Ковид-19, што тој го нарекува „мала настинка”.

Болсонаро денеска за време на државниот празник посети една воена болница, потоа влезе во една аптека и на крајот посети еден од своите синови во станбена зграда, покажуваат снимките од телевизијата. Некои од граѓаните го поздравуваа, но повеќето лути удираа во тенџериња од своите домови во знак на протест против неговото ноншалантно однесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот