Болсонаро по стапките на Трамп: Претседателот се закани дека Бразил ќе ја напушти СЗО

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се закани дека Бразил ќе ја напушти Светската здравствена организација ако таа, како што рекол тој, не престане да биде пристрасна политичка организација.

Тој за бразилскиот Си-Ен-Ен рекол дека лекот хидроксихлорокин „се вратил“ бидејќи „срамната“ студија за неговото дејство е повлечена, пренесува Ројтерс.

Влијателниот британски медицински магазин Лансет го повлече текстот во кој се тврди дека лекот за против маларија, хидроксихлорокин го зголемува ризикот од смртност кај заболените од Ковид-19.

Болсонаро тврдеше дека тој лек треба да се користи за лечење на заболените од коронавирусот и покрај тоа што не постојат научни докази за неговата ефикасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот