Болсонаро: Домородците се виновни за пожарите во Амазонија, а медиумите за ширење паника за пандемијата

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска во својот говор во ОН кажа дека домородното население е виновно за годинешните пожари во прашумата на Амазонија и притоа ги нападна и медиумите за ширење паника за пандемијата на коронавирусот, пренесоа британските медиуми.

Во однапред снимениот говор на седницата на Генералното собрание на ОН, екстремно десничарскиот лидер ги демантираше критиките за неговата еколошка политика и потезите што ги направи за време на пандемијата на коронавирусот.

-Пожарите секогаш се случуваат на истите места, на источната страна од шумата, каде што селаните и Индијанците ја палат својата земја во веќе опустошените области, рече Болсонаро.

Соња Гуајајара, лидер на главната домородна организација, веднаш возврати дека Болсонаро лаже.

-Ние, исто така, мора да ја разоткриеме оваа политичка катастрофа што ја уништува нашата животна средина и нашата иднина, рече таа.

Болсонаро, кој постојано ја минимизира сериозноста на пандемијата, овој пат изрази жалење за смртта на повеќе од 137.200 лица во неговата земја од Ковид-19.

Но, притоа, тој ги обвини медиумите за „политизација” на пандемијата и создавање паника меѓу бразилските граѓани, што речиси доведе до социјален хаос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот